Ајакс влегува во нова трка за влез во ЛШ

43

Ланскиот полуфиналист Ајакс, како и учесникот во групната фаза од минатата сезона, Порто, денеска ќе ги дознаат противниците за третото квалификациско коло за пласман во фудбалската Лига на шампионите. Ждрепката е закажана за од 12 часот во седиштето на Европската фудбалска унија во Нион (Швајцарија). Четирикратниот европски шампион Ајакс, ослабен со заминувањата на капитенот Матијас де Лихт и на Френки де Јонг, како првак на Холандија е во т.н. пат на шампионите, каде што можни противници се ПАОК, победниците од дуелите Црвена звезда – Хелсинки, Марибор – АИК, Валета – Ференцварош… Порто, пак, кој има две европски титули, како второпласиран во Португалија во минатата сезона ќе игра во т.н. лигашки пат, а тој во третото коло може да игра со Клуб Бриж, Краснодар… Противник за третото коло во Лига Европа ќе добие и Шкендија.