Арсенал – Тотенхем „највалкано“ дерби во Англија

122

Со осумте картони покажани во ремито 2-2, во неделата, на досегашните 55 дерби-дуели биле покажани 240 картони

На севернолондонското фудбалско дерби Арсенал – Тотенхем (2-2) во неделата имаше од сѐ по нешто. Голови, шанси пред двата гола, погодени стативи, многу возбудувања, а не изостанаа ниту картоните, во случајов само жолти, и тоа дури осум за двата тима.

Со тоа, овој дерби-дуел го презеде приматот „највалкан“ дерби-меч во историјата на Премиер-лигата. Досега предничеше ливерпулскиот, помеѓу Евертон и Ливерпул, но бидејќи имаат одиграно еден меч помалку, имаат шанса да се „поправат“. На 55 натпревари меѓу овие два лондонски тима во ерата на Премиер-лигата, судиите на недисциплинираните играчи им покажале 227 жолти и 13 црвени картони, или вкупно 240. Фудбалерите на ливерпулските тимови на еден меч помалку, 54, добиле вкупно 212 жолти и 21 црвен картон, вкупно 232.

Понатаму на оваа листа следуваат уште две градски лондонски дерби-пресметки. На третата позиција е дуелот Арсенал – Челси, каде што на 54-те меча судиите на фудбалерите им покажале 214 жолти и 14 црвени картони, вкупно 227 картони. На четврта позиција се мечевите Челси – Тотенхем, со 204 жолти и девет црвени картони, вкупно 213. На петтото место според недисциплина е веројатно најголемиот англиски дерби-меч, Манчестер јунајтед – Ливерпул, на кој фудбалерите добиле 186 жолти и 16 црвени картони, или вкупно 202.


НАЈМНОГУ КАРТОНИ НА ДЕРБИ-МЕЧЕВИ
Арсенал – Тотенхем 240
Ливерпул – Евертон 232
Арсенал – Челси 227
Челси – Тотенхем 213
Манчестер Ј. – Ливерпул 202