Анчелоти ќе го води и осмиот клуб во ЛШ

127

Со претходните седум Анчелоти има три титули, едно полуфинале и три четвртфиналиња

Италијанецот Карло Анчелоти, тренерот на Наполи, ќе го зголеми својот рекорд и како тренер ќе го предводи и осмиот клуб во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Анчелоти беше тренер на клубови од пет земји, во елитното европско клупско натпреварување.

Тој претходно во ЛШ беше кормилар и на Парма (најголем успех беше второто место во група), Јувентус (полуфинале), Милан (две титули), Челси (четврт-финале), Пари сен Жермен (четврт-финале), Реал Мадрид (една титула) и на Баерн (четврт-финале). Анчелоти ќе се трка и за својот четврти трофеј во ЛШ, со трет клуб, по триумфите со Милан (во 2003 и во 2007 година) и со Реал Мадрид (2014).

По трет трофеј од ЛШ, пак, тргнуваат Португалецот Жозе Мурињо (менаџер на Манчестер јунајтед) и Шпанецот Пеп Гвардиола (Манчестер сити). Французинот Зинедин Зидан, кој освои три титули во низа како тренер на Реал Мадрид, сега не води ниту еден клуб.