Англија има можност за рекорд – четири финалисти во една сезона

125

Фудбалските клубови од Англија доминираат сезонава во европските купови со четири тима меѓу полуфиналистите во Лигата на шампионите (ЛШ) и во Лига Европа (ЛЕ). Во најсилното натпреварување Англија е претставена со Ливерпул и со Тотенхем, а во Лига Европа со Челси и со Арсенал, сите од првото до петтото место сезонава во Премиер-лигата.

Според ждрепката, Англија нема загарантирано местото во финалните натпревари, бидејќи тимовите не играат меѓу себе во полуфиналињата, но, од друга страна, можно е во двата европски купа да има сеанглиски финалиња (Ливерпул – Тотенхем и Арсенал – Челси).

Досега не се случило во иста сезона финалистите во двата купа да се од една земја. Најблиску да се случи такво нешто имаше можност во 2014 и во 2016 година, кога во финалињата на ЛШ играа Реал и Атлетико, а Севилја во финалињата на ЛЕ.
Шпанија има два тима меѓу најдобрите, и тоа водечката во домашното првенство Барселона во ЛШ и шестопласираната Валенсија во ЛЕ. По еден тим имаат Холандија (Ајакс, водечки во првенството, игра во ЛШ) и Германија (Ајнтрахт, четврто место, настапува во ЛЕ).