Ангеловски: Помалку е важно каде ќе се игра финалето

58

Грузија или Белорусија ќе биде домаќин на финалниот дуел од лигата Д на Лигата на нациите, за пласман на Европското првенство во 2020 година, реши ждрепката во Европската фудбалска унија (УЕФА). Така, ако македонската репрезентација на 26 март в година го совлада Косово во полуфиналето дома, мечот за пласман на ЕП ќе го игра на 31 март на теренот на подобриот од дуелот од второто полуфинале, помеѓу Грузија и Белорусија.

– Ждрепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или во Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој меч со Косово. Што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде ќе се игра, бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари – изјави селекторот Игор Ангеловски, за официјалната интернет-страница на Фудбалската федерација на Македонија.

Во лигата А во полуфиналињата ќе се сретнат Исланд – Романија и Бугарија – Унгарија (финалето ќе се игра во Бугарија или во Унгарија). Во лигата Б ќе играат БиХ – Северна Ирска и Словачка – Република Ирска (финале на теренот на подобриот од првото полуфинале). Во лигата Ц се среќаваат Шкотска – Израел и Норвешка – Србија (финалето во Норвешка или во Србија).