Ангеловски очекува сигурни три бода против Лихтенштајн

138
Фото: Игор Бансколиев

Селекторот на македонската фудбалска федерација Игор Ангеловски очекува сигурна победа против Лихтенштајн и продолжување на добрата игра на неговите избраници.

– Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме таму каде што застанавме. Очекувам победа против Лихтенштајн, уште подобро и ако победиме со допадлива игра, изјави Ангеловски.

Предводникот на „црвено-жолтите“ нема големи промени на списокот на повикани во однос на претходните дуели со Гибралтар и со Ерменија.

– На позицијата трет голман се враќа Шишковски, а повратници во тимот се Адеми и Хасани, со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Дарко Велковски е единствениот играч под знак прашалник, поради повреда на бутниот мускул – соопшти Ангеловски.

Македонија на 13 октомври во Скопје игра со Лихтенштајн во 3.коло од Лига на Нации, додека на 16 октомври и гостува на Ерменија.