Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога

65

Селекторот на македонската фудбалска федерација Игор Ангеловски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Гибралтар и со Ерменија во Лига на Нации.

– Не бегаме од фаворитската улога, но го имаме задолжителниот респект за Гибралтар. Не е лесно да се победува, очекувам максимално издание на моите фудбалери и заедно да ја почнеме Лигата на Нации со три бода. Сите мисли се насочени кон Гибралтар, а потоа ќе мислиме на Ерменија – истакна Ангеловски.

Македонија на 6 септември му гостува на Гибралтар, додека на 9 септември ја пречекува Ерменија.

За воведните дуели со Гибралтар и со Ерменија, селекторот на Македонија со проверени сили ќе атакува на победи.

На списокот има само две нови имиња, Мите Цикарски и Егзон Бејтулаи, додека, пак, „костурот“ на „црвено-жолтите“ останува оној од квалификациите.

Аријан Адеми се повреди синоќа и мораше да биде заменет уште во првото полувреме на мечот помеѓу Динамо Загреб и Јанг бојс.

Во новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации, во групата-Д покрај овие три селекции се наоѓа уште и Лихтенштајн.