АМС бара од ФФМ да го смени Статутот

224

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски попладневно преку прес-конференција побара од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да направи промени во Статутот, конкретно за делот кој се однесува на здружување на клубовите.

Дополнително, најавено е дека АМС нема да има претставник на собранието на ФФМ кое ќе се одржи утре во Охрид, сè додека не се усогласи нивниот Статут со законот за спорт.

Каевски рече дека не сака да преудицира и дека ќе чека да види што ќе се случува на собранието, но и дека АМС ќе ги преземе сите дозволени мерки за да го реши проблемот, дури и ако тоа значи одземање на решението за дејност на спорт. Според директорот на АМС, ФФМ нема да може да избере легитимен претседател дури и ако утре ги направи неопходните промени на Статутот.