Алегри во италијанскиот „Хол на славните“

51

Масимилијано Алегри, кој како тренер на Јувентус освои пет титули првак на Италија во низа, вкупно шест во кариерата (со Милан во 2011-та), беше примен во италијанскиот фудбалски „Хол на славните“. Покрај петте титули во Серија А, Алегри со „старата дама“ освои и четири национални купа и два суперкупа на Италија.
Признанието на Алегри (51), единствениот тренер во Италија со пет титули во низа, кој го напушти Јувентус (за него се заинтересирани Челси и ПСЖ) на пригодната церемонија во Фиренца, му го предаде Марчело Липи, поранешен трофеен тренер на Јувентус и светски првак во Италија во 2006 година.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) во 2011-та го востанови „Холот на славните“ фудбалери, тренери, судии и фудбалски работници за нивниот придонес во овој спорт.

Меѓу познатите фудбалски имиња во „одбраното“ друштво се Роберто Баџо, Паоло Малдини, Фабио Канаваро, Франческо Тоти, Дино Ѕоф, Џани Ривера, Сандро Мацола, Паоло Роси, Бруно Конти, Џанкаркло Антоњони, Мишел Платини, Марко ван Бастен, Руд Гулит, Диего Марадона, Габриел Батистута, Џакинто Факети, Енцо Беарцот, Нерео Роко, Ариго Саки, Марчело Липи, Џовани Трапатони, Фабио Капело, Пјелуџи Колина, Роберто Росети и многу други.