Албиол: На Роналдо ќе му биде тешко да постигне 40 гола во Серија А

43

Фудбалерот на Наполи, Раул Албиол смета дека на Кристијано Роналдо ќе му биде многу потешко да постигнува голови во Серија А за разлика од Шпанија кога играше за Реал Мадрид.

Португалецот се уште нема дадено гол за Јувентус иако веќе поминаа три рунди во Серија А.

– Во Италија се игра многу тактички и дефанзивен фудбал. Се бара одржување на физичката форма на високо ниво. За да играш и да реализираш во Италија, ти треба посебна подготовка, вели Албиол.

Тој посакува да продолжи голгетерскиот пост на засилувањето на Јувентус.

– Кристијано Роналдо е одличен играч, но во Италија ќе му биде многу тешко да постигнува по 40 гола по сезона. Се надевам дека ќе му биде тешко воопшто да се истакнува, бидејќи тоа ќе биде добро за нашиот тим. Да, имам предвид дека и минатата година тој не започна ефикасно и во Примера, но потоа му тргна. Тоа не е случајно, изјави Албиол.