Академија Пандев го освои Купот на Македонија

160
Фото: Игор Бансколиев

Академија Пандев е победник на 27 финале во Купот на Македонија и за првпат по клупската историја го освои трофејот во најмасовното фудбалско натпреварување.

Дури по пенал рулетот беше решено финалето на Купот на Македонија, помеѓу Академијата Пандев и Македонија Ѓорче Петров.

Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат од 2:2, по што натпреварот продложи со две продолженија кои завршија без постигнат гол.

Како поуспешни изведувачи на пенали се покажаа фудбалерите на Академијата Пандев, кои го добија пенал рулетот со резултат 2:4, а вкупниот резултат на финалето беше 4:6.

Ова е фантастичен успех за клубот кој е формиран само пред девет години од страна на македонскиот капитен Горан Пандев, и кој првпат влезе во Првата лига само пред две години, а оваа сезона покрај третото место во националниот шампионат можат да се пофалат и со прв трофеј во историјата на клубот.