Фото: Емил Јовановиќ

ШАХ – РАНГ-ЛИСТА НА ФИДЕ ЗА ЈАНУАРИ

На македонските листи и понатаму водат Кирил Георгиев и Моника Стојковска, а Македонија остана 52. (со просечен рејтинг на првите 10 играчи од 2.453) меѓу 160 шаховски федерации во светот

Велемајсторот (ВМ) Кирил Георгиев (рејтинг 2.564 поени) и понатаму води на македонската рејтинг-листа на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за јануари 2022 година, а следуваат ВМ Никола Митков (рејтинг 2.514), ВМ Трајко Недев (2.475), ИМ Филип Панчевски (2.473), ВМ Владимир Георгиев (2.452) итн.
Водечка македонска шахистка и понатаму е ЖФМ Моника Стојковска (рејтинг 2.086). Македонија остана 52. (со просечен рејтинг на првите 10 играчи од 2.453) меѓу 160 шаховски федерации во светот. Прва е Русија (просечен рејтинг 2.729), пред САД (2.716) и Кина (2.698).

Од соседството, Хрватска е на 18-то место со просечни 2.579 рејтинг-поени на првите 10 шахисти, следуваат Србија на 23-то (2.560), БиХ на 34-то (2.519), Словенија на 35-то (2.515), Македонија на 52-то (2.453), Црна Гора на 55-то место (2.436)…

Водечки шахист во светот за јануари 2022 година, 127. пат, е светскиот првак Магнус Карлсен (2.865), а потоа на листата се Алиреза Фирузја (2.804), Лирен Динг (2.799), Фабијано Каруана, (2.792), Јан Непомнијашчи (2.782), Левон Аронијан (2.772), Аниш Гири (2.772), Весли Со (2.772), Шакријар Мамеѓаров (2.767), Александер Гришчук (2.764). Кај шахистките води Јифан Хоу (2.658), втора е Александра Горјачкина (2.610), а трета Хампи Конери (2.586).