Македонските џудо-репрезентативци Берна Шерифовска (категорија до 57 кг) и Борче Ангелов (до 73 кг), се поразени во 1-то коло на Европското првенство (ЕП) за јуниори и јуниорки, во Софија (Бугарија). Шерифовска беше елиминирана од Етери Липертелиани од Грузија, со која ги одмери силите и на Купот на Европа во Романија во борба што беше изедначена, како и сега. Липертелиани подоцна се пласира во финалето. Ангелов, пак, се сретна со Германецот Килијан Очш. И покрај добрата форма на македонски џудисти, можност за евентуален репасаж не им се укажа. На ЕП во мошне силна конкуренција настапуваат 405 натпреварувачи од кои 217 во машка и 188 во женска конкуренција, од 42 држави, во осум тежински категории.