Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски обезбеди пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Нови Сад, Србија.

Тој во два сета со 6:2 и 6:1 за еден час и 15 минути игра убедливо го совлада австралискиот тенисер Џејмс Фрејвли.

Јотовски утре во четвртфиналето ќе игра против осмиот носител Ерги Киркин од Турција.

Вториот македонски тенисер на турнирот, Горазд Србљак, беше поразен од седмиот носител српскиот тенисер Марко Миладиновиќ со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4).