Фото: Дарко Андоновски

Лина Ѓорческа се очекува денеска да напредне за десетина места на новата светска ранг-листа на тенисерки, по пласманот во полуфиналето на ИТФ-турнирот во Обидос, Португалија, за награден фонд од 25.000 долари. Ова е прв турнир за Ѓорческа по долгата пауза поради повреда. Најдобрата македонска тенисерка за пласман во полуфиналето ја победи Германката Лена Руефер, откако противничката го предаде мечот по водство со 6-2 и 4-1 за Ѓорческа. Македонската тенисерка за пласман во финалето на турнирот загуби од четвртата носителка Дејана Радановиќ (Србија). Според информациите, Ѓорческа треба да биде околу 430-то место на листата на ВТА.