Новак Ѓоковиќ ја освои 76 титулата во кариерата. Србинот во финалето на турнирот во Токио го победи Австралеиецот Џон Милман со 6/3, 6/2. Ѓоковиќ во Азија го одигра 11 финале во кариерата и ја освои 11 титула.

Светскиот рекет број 1 без мака го надигра својот противник. Како и на претходните мечеви сервисот му функционираше беспрекорно, а со агресивна игра на сервисот на противникот успеваше да направи брејк.

Ѓоковиќ во своето прво појавување во Токио ја освои титулата и застана покрај великаните Федерер, Надал, Мареј кои исто така победувале на овој турнир од серијата 500.

Со оваа победа Ѓоковиќ ја зголеми предноста на првото место во однос на Надал на 1.140 поени. Наредната недела Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Шангај каде ја брани титулата.