Премиерот на Шпанија, Педро Санчез предложи на Мароко, заедно со Португалија да се кандидираат за домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година, објави весникот „Ел Паис“.

Шпанскиот премиер во моментов е во посета на Рабат и одржа неколку состаноци со претставници на мароканските власти. Санчез, исто така, се очекува да биде примен од страна на кралот на Мароко, Мохамед Шести.

Според „Ел Паис“, Рабат ја поддржува иницијативата на шпанската страна за кандидатурата на трите земји. Подготвеност да го организираат Светското првенство во 2030 година веќе изразија Египет, како и Аргентина, Уругвај и Парагвај.

Бугарија, Грција, Србија и Романија исто така можат да аплицираат заедно за Светското првенство во 2030 година.