Во Париз, во неделата, започна вториот Грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос. Веќе на старот се случи големо изненадување во женска конкуренција. Ролан Гарос заврши за петтата носителка Ажелик Кербер.

Германката Кербер го отвори турнирот кај дамите против Анастасија Потапова од Русија. Мечот траеше 74 минути, а победата ја однесе 18 годишната Потапова со 6:4, 6:2.

На Руската тинејџерка многумина и предвидуваат блескава кариера, а според прогнозите таа уште оваа сезона би требало да стане важен фактор во женскиот тенис.

Потапова во наредното коло ќе игра против победничката од дуелот помеѓу Јафан Ванг и Маркета Вондрушова.