Шахистите на Алкалоид успешно стартуваа на годинешниот Европскиот клупски куп
во Улцињ, Црна Гора. Тие во првото коло, со победите на Шанкланд, Криворучко,
Ковалев и Недев извојуваа висока победа од 5:1 против екипата „Echiquier Mosan“ од
Белгија. Сепак, сериозниот пристап и борбеноста на противниците им донесе две реми
партии, кај Андреикин и Инаркиев. Во целина, искуството и повисоката шаховска класа
беа доволни за победа, со што шахистите на Алкалоид ја оправдаа улогата на фаворит.

Првото коло помина без изненадувања и во другите мечеви, сите останати фаворити
остварија победи: Mednyi Vsadnik St. Petersburg, AVE Novy Bor – Чешка, Obietivo
Risarcimento Padova.

Следен противник на ШК Алкалоид е екипата на „Raika Rapid Feffernitz“ од Австрија.