Никол Шмидхофер

На СП во брзинско скијање во Франција таа со австриски рекорд беше четврта зад познатите натпреварувачки во тој спорт, на настанот на кој победи Швеѓанката Бритата Беклунд, со брзина од 221,3 км/ч

Никол Шмидхофер од Австрија, најдобрата во спуст во Светскиот куп (СК) сезонава, ја заокружи својата најуспешна сезона на алпските трки со уште еден личен подвиг на скии. Таа ја совладала нејзината лична „Мисија 200“, за да ја пробие брзината од 200 километри на час на скии, како дел од Светското првенство во брзинско скијање во Варс (Франција) со летачки бои. Таа достигна максимална брзина од 217,590 километри на час, соборувајќи го претходниот рекорд на Австрија, и заврши на импресивното четврто место на настанот.

Во квалификациите Шмидхофер за малку не ја проби границата, развивајќи брзина од 199,778 километри на час. Но австрискиот тим предводен од Кристоф Прилер силно веруваше во неа и таа во полуфиналето постигна брзина од 212,014 км/ч и се квалификува како еден од првите пет конкуренти во финалето, завршувајќи во тој момент дури и пред светската рекордерка Валентина Грегџио од Италија.

Потоа таа одново се надмина, скијајќи за повеќе од пет километри на час побрзо во финалето. Со 217,590 км/ч Шмидхофер, која првпат се натпреваруваше на ваков настан, заврши на четвртото место зад познатите Бритата Беклунд од Шведска со 221,266 км/ч, Лиза Ховланд-Уден од Шведска со 220,318 и Грегџио со 218,314 км/ч.

– Го направив најдоброто во ова кратко време, а со повеќе од 217 км/ч постигнав и многу повеќе отколку што можев да се надевам. Чувството е тешко да се опише. Можеби со некое време ќе одам повторно на ваков натпревар, но сега е време целосно да се концентрираме на алпско скијање. Се разбира, постои ризик по долга сезона, бидејќи со такви големи брзини секогаш треба да имате целосна концентрација – рече Шмидхофер.