Досега Ливерпул заработи 40,7 милиони евра од премиите од УЕФА за резултатите сезонава во Лигата на шампионите, а касата на англискиот фудбалски клуб може да биде побогата уште за најмногу 15,5, а најмалку 11 милиони евра, според резултатот во финалето. Заработката на Реал Мадрид, пак, е 39,2 милиони евра. Ливерпул сезоната ја почна во квалификациите, а за пласманот оттаму во групната фаза клубот заработи два милиона евра.