Четврти пат Австриецот Марсел Хиршер е добитник на наградата „златен скијач“, која ја доделува Интернационалната асоцијација на новинари за скијање, основана во 1963 година, за најдобриот натпреварувач во тој спорт на годината.

Во минатата сезона Хиршер ја освои седмата титула во Светскиот куп и два златни медали на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг (Јужна Кореја), а со наградата за најдобар годинава се израмни со швајцарската скијачка легенда Пирмин Цурбриген. Хиршер беше прогласен за „златен скијач“ и во 2012, 2015 и во 2016 година, а Цурбриген славеше во 1984, 1985, 1987 и во 1990 година.