Британецот Луис Хамилтон триумфираше на денешната трка за Големата награда на Шпанија во Барселона што беше негов 76. триумф во кариерата. Тимот на Мерцедес, пак, ова сезона ја освои петтата „двојна победа“ во исто толку трки во Ф1.

Зад Хамилтон на целта стигнаа неговиот тимски колега Ботас, а Верстапен трката ја заврши како трет.

Возачите на Ферери, Фетел и Леклер патеката „Каталуња“ ја завршија на четвртата и на петтата позиција.

Хамилтон е нов лидер на табелата во Формула 1, пред Ботас, а на третото место сега е Верстапен.