Во првенството во Формула 1, пред утрешната трка за големата награда на Русија во Сочи, води Британецот Луис Хамилтон, кој има 40 бода пред Германецот Себастијан Фетел. До крајот на сезоната можат да се освојат најмногу 150 бода, а Хамилтон и Фетел се во трка по петтата титула, со која би се израмниле со легендарниот Аргентинец, Хуан Мануел Фанџо (првак во 1951, 1954, 1955, 1956 и во 1957 година). На таа листа води Германецот Михаел Шумахер со седум титули, а по четири има само уште Французинот Алан Прост.

Сезонава треба да се возат уште трките во Русија (утре), Јапонија (7 октомври), САД (21 октомври), Мексико (28 октомври), Бразил (11 ноември) и во ОАЕ (25 ноември).
Табела, возачи: Луис Хамилтон 281, Себастијан Фетел 241, Кими Раиконен 174, Валтери Ботас 171, Макс Ферстапен 148, итн.