Третиот светски тенисер во моментов, Швајцарецот Роџер Федерер се пласираше во второто коло на тенискиот турнир од серијата 500 во Хале, Германија откако денеска со 2-0 во сетови (7-6 6-3) беше подобар од Австралиецот Џон Милман кој е 57. на АТП листата.

Федерер на истиот турнир кој се игра на трева за награден фонд од 2 милиони евра минатата година во финалето загуби од Хрватот Борна Чориќ

Во првиот сет швајцарскиот тениски ас имаше достоен отпор од Милман, но класата на фаворитот дојде до израз во тај-брејкот.

Во вториот сет Федерер рутинирано го однесе мечот до крај откако во шестиот гем му направи брејк на противникот.

На Федерер противник во второто коло му е искусниот француски тенисер Жо Вилфред Цонга кој денеска беше подобар од сонародникот Беноа Пер со 2-0 во сетови.

Федерер во Хале годинава се обидува да дојде до рекордната 10-та титула на истиот турнир.