Роже Федерер во интервју за швајцарскиот весник „Блик“ изјави дека крајот на неговата кариера е се поблиску, но дека очекува животот да му биде интересен и по повлекувањето од тенисот.

Швајцарскиот тенисер, кој досега има освоено 20 гренд слем титули, во август полни 37 години, но се уште извонредно игра и е втор на АТП листата.

– Крајот е се поблиску, но кога точно ќе биде не можам да кажам. Немам никакви планови, но во едно сум сигурен дека животот и понатаму ќе биде интересен и забавен, особено со четири деца. Како растат така стануваат се посериозни и се радувам на тоа, потенцира еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Федерер смета дека младите играчи денес не добиваат соодветно медиумско внимание.

– Навистина е чудно, порано се говореше за младите играчи кога ќе постигнат некоја важна победа. Сега ако не ме совладале мене, Надал или Ѓоковиќ како никому да не му е грижа за тоа, наведе швајцарскиот тенисер.

Федерер ќе го пропушти Роџерс купот, а на терен ќе се врати во Синсинати.