Првиот фаворит за триумф на Отвореното првенство на Македонија во шах (девет кола), интернационалниот мајстор (ИМ) Филип Панчевски (2.495 рејтинг-поени), заедно со двата велемајстора (ВМ) Звонко Станојоски (2.447) и Влатко Богдановски (2.390), забележа сигурни победи во првото коло.

Првенството на кое играат 72 учесници има квалификациски карактер, оти шестемина најдобри стекнуваат право за настап на Затвореното првенство на Македонија за 2019 година, кое, пак, ќе се игра со 10 учесници. Од 2010 година најмногу пати победил Панчевски (четири пати), потоа Станојоски (двапати), Богдановски и Бугаринот Георги Филев (по еднаш), а учествувале претставници од вкупно 14 држави.

Позначајни резултати 1-то коло: ИМ Панчевски – Јанчев 1-0, Голубовиќ – ВМ Станојоски 0-1, ИМ Николовски – Звездаковски 1-0, Цветковски – ВМ Богдановски 0-1, ИМ Данчевски – Златков 1-0, Костески – ФМ Лазов 0-1, ФМ Андоновски – Талески 1-0, Петровиќ – ФМ Динев 0-1 итн.