„Јунскиот коњички турнир“ и 3-то коло од отвореното Државно првенство во прескокнување пречки за 2019 година, ќе се одржат утре, со почеток во 10 часот. На програмата се три натпревари во прескокнување пречки во класата А, класата Б и дебитанти, со височина на пречките од 70 см до 1,20 м. Турнирот го организира клубот за коњички спорт ПРОЦЕС од Скопје, на просторот на клубот што се наоѓа веднаш до полициската станица за дресура на службени кучиња во Маџари. Ова натпреварување е според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Република Македонија.