Вториот Oктомвриски коњички турнир и 6-то коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување на пречки, ќе се одржат утре со почеток во 11 часот на терените на коњичкиот клуб Илинден, што се наоѓа веднаш до полициската станица за дресура на службени кучиња.

На турнирот, на кој се очекуваат нови возбудувања, според програмата предвидени се четири натпревари во прескокнување на пречки и тоа во класите А, Б, Ц и Д со височина на пречките од еден метар до 1,20 односно 1,30 метри.

Г.И.