Трофејот за шампионот на велосипедската трка околу Франција (Тур де Франс), освоен годинава од Британецот Герент Томас од тимот Скај, бил украден за време на велосипедско шоу во Бирмингем, објави тимот. Трофејот бил на турнеја низ Велика Британија.
– Без дилема трофејот има лимитирана вредност за тој што го зел, но мене и на тимот многу ни значи. Се надевам дека ќе биде вратен – вели Томас.