Поради ситуацијата со ширењето на корона Фирусот, УЕФА официјално одлучи да откаже два меча од осминафиналето од фудбалската Лига Европа.

Се работи за дуелите меѓу Интер и Хетафе, чиј претседател Анхел Торес вчера изјави дека неговиот тим нема да патува во Милано, во центарот на жариштето и по цена неговата екипа да заработи суспензија.

Вториот меч е Севилја-Рома.

Шпанските власти денеска истакнаа дека нема да примат на своја територија авион со патници од Рим, со оглед на тоа што Италија е силно погодена од коронавирусот.

Новите термини на одигрување дополнително ќе бидат одредени.

Слична е ситуацијата и во Лигата на шампиони. Вчера Валенсија на „Месталја“ без публика ја пречека италијанск Аталанта, додека вечерва во Париз, францускиот шампион ПСЖ пред празни трибини ќе ја пречека екипата на Борусија Дортмунд.