ЗДРУЖЕНИЕ НА СЛЕПИ ЛИЦА КОЧАНИ

Шахистот Владимир Тркаљанов од Кочани е писмено известен зошто е исклучен од Здружението на слепи лица Кочани. Тој е исклучен заради настаните од август месец минатата година, кога тој со уште 3-4 члена од претходното раководство се собрале и против статутарно донеле самостојна одлука да се направи друг печат (фалсификуван) и со тоа да се смени сегашниот претседател на Здружението на слепи лица Кочани.

Со тој фалсификуван печат е сменет претседателот на Здружението на слепи лица Кочани, Серафим Апостолов и назначено е ново лице, без потписи и потребна документација како што е предвидена во Статутот на Здружението и направена е смена во Централниот регистар. Новиот, тогашен претседател, кој е поставен на чело на Здружението на слепи лица Кочани, подоцна го оштети Здружението на слепи лица Кочани за околу 30.000 денари.

Здружението на слепи лица Кочани експресно правно реагираше на ваквото самоволие на неколкуте члена и по поднесените соодветни правни механизми состојбата се врати во првобитната состојба.

Иницијатори на сето ова се тројца членови на Здружението на слепи лица Кочани и тие се сакционирани според членот 2од Статутот на Здружението, како што е и наведено. Дисциплинската комисија на Здружението ја донесе одлуката за нивно исклучување од членство на Здружението на слепи лица Кочани, Извршниот одбор ја потврди истата, а Собранието сето ова го верификуваше. Добиената жалба на Тркаљанов потоа е разгледана на Извршен одбор и на Собрание на Здружението на слепи лица Кочани и истата е одбиена. 

 

Со тоа сакаме да го демантираме она што го изјави шахистот Владимир Тркаљанов за веб-порталот на „Нова Македонија“ во текстот „Македонија ослабена, без Тркаљанов?!“, односно неговото тврдење дека е исклучен од Здружението на слепи лица Кочани, без причина и без соодветна постапка – се вели во демантот од Здружението на слепи лица Кочани.

Г.И.