Назначувањето на тренерот за изведување аути во Ливерпул беше едно од изненадувањата во летниот фудбалски преоден рок. Но, Данецот Томас Гронемарк имал такво влијание во англискиот тим за време на шестмесечниот пробен период, што неговиот договор е продолжен до јуни в година. Ова може да биде добра вест и за Англија. Џо Гомез од Ливерпул со „центаршут“од аут помогна да се постигне гол во победата над Хрватска во Лигата на нациите.