Под мотото „Подготви се, внимание, Токио“ („Ready, steady, Тokyo“) што произлегува од наредбата пред почеток на една трка, „подготви се, внимание, тргни“, организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио в година на јапонската јавност и на дел од спортистите ќе им дадат можност предвреме да ги почувствуваат спортските терени на кои ќе се одржуваат натпреварите за време на ЛОИ 2020.
Водени од желбата да ги организираат најдобрите олимписки (ЛОИ) и параолимписки игри (ПОИ) досега, организацискиот комитет на Токио 2020, меѓународните федерации и националните федерации, во пресрет на ЛОИ ќе тестираат 56 спортски настани на отворените и на затворените терени во Токио.

Повеќето од тестовите ќе се одржат во три брана. Првиот ќе се фокусира на отворени спортови со настани што треба да се одржат помеѓу јули и септември годинава. Вториот бран, вклучувајќи го и ракометот, ќе биде фокусиран на затворените спортови, од октомври годинава до февруари 2020 година и третата серија што ќе се одржи помеѓу март и мај 2020 година ќе се фокусира на воспоставување и потврдување на линиите за комуникација и за известување од спортските настани.
Ракометот ќе биде 35-от тест-турнир за Токио 2020, кој се состои од играње на Јапонскиот куп 2019 и дел од 71-то државно првенство на Јапонија. Сето тоа ќе се одржува на националниот стадион „Јојоги“.

Досега беа тестирани пливањето и ватерполото, а според распоредот на организацискиот комитет следни за тест се петобојците (27-30 јуни 2019), кревачите на товар (6-7 јули), стрелачите (12-18), сурферите (18-21), велосипедистите (21 јули), кошаркарите (2-6 мај 2020) и атлетичарите (5-6 мај). Целокупната порака на мотото гласи „Ние сме подготвени за Токио 2020. Да останеме фокусирани додека одиме напред кон успешни игри“.