Првите 11 места на листата на спортистки кои најмногу заработиле минатата година, според магазинот „Форбс“, го држат тенисерки, предводени од ветеранката Серена Вилијамс.

Триесет и седумгодишната Вилијамс, која е 23-кратна гренд слем шампионка, заработила 29,2 милиони долари, од кои 25 милиони долари од реклами и е на првото место, пред Јапонката Наоми Осака со 24,3 милиони долари. Вилијамс исто така е единствената спортистка на топ 100 листата на „Форбс“, на 63-тото место.

По нив следуваат уште девет тенисерки – Анџелике Кербер (11,8), Симона Халеп (10,2), Слоун Стивенс (9,6), Каролине Вознијацки (7,5), Марија Шарапова (7), Каролина Плишкова (6,3), Елина Свитолина (6,1), Венус Вилијамс (5,9) и Гарбиње Мугуруза (5,9).

На 12-тото место да е американската фудбалерка Алекс Морган со 5,8 милиони долари.