Од следната, 2019 година ќе биде воведен тај-брејк во петтиот, завршен сет на Вимблдон, објавија организаторите на најпрестижниот тениски турнир на светот. Победник ќе биде играчот што прв ќе освои седум поени со предност од два или повеќе поени.

Оваа одлука следува откако последниот сет од полуфиналниот меч годинава помеѓу Кевин Андерсон и Џон Иснер траеше речиси три часа. Андерсон го доби сетот со 26-24 и повика на преиспитување на форматот.