Американскиот голфер Тајгер Вудс, еден од најдобрите на сите времиња, најави дека сака в година да настапи на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио и рече дека олимпиското деби е негова „голема цел“, објави „Ројтерс“. Вудс, кој стана светски голфер број еден првпат во 1997 година, само една година откако стана професионалец, го мачат повредите на грбот, кои го оддалечија од теренот во различни фази од неговата кариера. Тој имаше четири операции на грбот од 2014 до 2017 година и во тој период голфот, по 112-годишно отсуство, се врати на олимписката сцена, на ЛОИ 2016.

– Не гледам дека имам многу други можности освен следната година. За следните ЛОИ ќе бидам 48-годишен, а да се биде еден од најдобрите Американци на таа возраст ќе биде тешко – вели Вудс за „Ројтерс“.