Под име­то „Сред­ба на ге­не­ра­ции“ се оди­гра дво­кру­жен меч на шест таб­ли во кла­си­чен шах по­ме­ѓу та­лен­ти­ра­ни­те мла­ди ша­хи­сти на Гам­бит Асе­ко СЕЕ и искус­ни­те ве­те­ра­ни, пред­во­де­ни од ка­пи­те­ни­те Зо­ран Стој­чев­ски и Или­ја Сто­шев­ски. Во пр­ви­от меч ве­те­ра­ни­те сла­веа со 4,5-1,5, но во вто­ри­от меч со­се­ма по­и­на­ква сли­ка, од­нос­но на­де­жи­те по­ка­жаа мно­гу по­го­ле­ма умеш­ност и са­мо­до­вер­ба, ко­ја бе­ше пре­суд­на да дој­дат до не­ре­шен ре­зул­тат, 3-3.

– Овој дво­меч, всуш­ност, бе­ше еден вид ме­ри­ло кол­ку се ква­ли­тет­ни на­ши­те мла­ди на­де­жи, потоа да им го пре­не­се­ме на­ше­то стек­на­то зна­е­ње и на­ед­но да ини­ци­ра­ме ва­кви ду­е­ли и дру­же­ња да има што по­ве­ќе во ид­ни­на. Прет­ход­но ние, ве­те­ра­ни­те, оди­грав­ме и меч со Со­ју­зот на сле­пи ша­хи­сти, дво­круж­но, но на еден час. Сле­ден дво­меч што ини­ци­ра­ме да го оди­гра­ме е со мла­ди­те и та­лен­ти­ра­ни ша­хи­сти на ШК Ал­ка­ло­ид на осум таб­ли, но прв­пат по т.н. со­не­берг-си­стем (ед­на­та еки­па, ве­те­ра­ни­те, не ги ме­ну­ва сво­и­те ме­ста, а дру­га­та ги ро­ти­ра сво­и­те ша­хи­сти во се­кое ко­ло, а се­пак се­кој по­е­ди­неч­но си со­би­ра по­е­ни – н.з.). Ние, ша­хов­ски­те ве­те­ра­ни на­ско­ро ќе фор­ми­ра­ме и клуб под име­то Скоп­је 72 – ни из­ја­ви Сто­шев­ски.

Ре­зул­та­ти, прв меч: Кра­лев­ски – Вел­ја­но­ски 0-1, Љ. Илиќ – Зла­тков ре­ми, Трај­ков­ски – Пе­тре­ски 1-0, Ха­џи-Ма­нев – Сук­лев­ски 1-0, Сто­шев­ски – Ка­лин 1-0, Го­лу­бо­виќ – Же­жов­ска 1-0.

Резултати, втор меч: Вел­ја­но­ски – Кра­лев­ски 1-0, Зла­тков – Љ. Илиќ 1-0, Пе­тре­ски – Трај­ков­ски 0-1, Сук­лев­ски – Ха­џи-Ма­нев ре­ми, Ка­лин – Сто­шев­ски 0-1, Же­жов­ска – Го­лу­бо­виќ ре­ми.

Г.И.