Во годината што е пред нас треба да се одржат голем број големи спортски настани, меѓу кои дел се одложени од 2020 година. Во продолжение следува хронолошки преглед на некои натпреварувања.
ЈАНУАРИ: од 14. до 31., Светско првенство (СП) во ракомет, мажи
ФЕВРУАРИ: од 1. до 11., клупско СП во фудбал; 8-21 тенис, Австралија опен; 9-21 СП во алпско скијање; од 23 февруари до 7 март, СП во нордиско скијање
МАРТ: почеток на европските квалификации за СП 2022 во фудбал
АПРИЛ: од 17 април до 3 мај, СП во снукер
МАЈ: од 8. до 30., велосипедизам, Џиро д’Италија; 10-23, Европско првенство (ЕП) во пливање; 26 мај, фудбал, Лига Европа, финале; 29 мај, фудбал, Лига на шампионите, финале; од 23 мај до 6 јуни, тенис, Ролан Гарос
ЈУНИ: од 11 јуни до 11 јули, ЕП во фудбал; од 11 јуни до 10 јули, Копа Америка, фудбал; од 26 јуни до 18 јули, велосипедизам, Тур де Франс; од 28 јуни до 11 јули, тенис, Вимблдон
ЈУЛИ: од 23 јули до 8 август, Летни олимписки игри
АВГУСТ: од 14 август до 5 септември, велосипедизам, Вуелта; од 24 август до 5 септември Параолимписки игри; од 30 август до 12 септември, тенис, САД опен
СЕПТЕМВРИ: 16 септември, почеток на Конференциската лига на УЕФА, ново фудбалско клупско натпреварување
ОКТОМВРИ: 18-30, СП во гимнастика
НОЕМВРИ: 22-28, тенис, Дејвис-куп, финале
ДЕКЕМВРИ: 2-19, СП во ракомет, жени; 13-18, СП во пливање (25 метри)