Во организација на интернет-сајтот chess.com ќе се одржи Компјутерско светско шаховско првенство помеѓу шаховски програми. Светското првенство во блиц-шах (пет минути време за размислување, плус две секунди по секој одигран потег) ќе се состои од три дела. Во првиот дел ќе играат 33 компјутерски шаховски програми, пред да се издвојат 10-те за вториот дел, а во третиот ќе се игра фајналфорот, помеѓу четирите најдобри.