Зоран Михајлов
специјално од Доха за „Нова Македонија“

Американката Далајла Мухамад, водечката на светската ранглиста на 400 метри со пречки, не само што ја потврди фаворитската улога, туку постави и нов светски рекорд.

Таа постигна резултат од 52,16 секунди, што беше за четири стотинки подобар резултат од досегашниот рекорд, кој од јули годинава беше во нејзина сопственост.

Мухамад беше втора на СП во Лондон, а е олимписка првенка од Рио.

Ова беше втор светски рекорд на СП во Доха по оној во мешаната штафета, која овде првпат беше на програмата.

Втора во рекордерската трка беше Сидни Меклафлин од САД, која беше побавна за само шест стотинки од победничката.

Трета низ целта мина Рашел Клејтон од Јамајка.