Актуелниот светски шаховски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен (2.861 рејтинг-поени), потоа уште седум од најдобрите осум, како и 11-от, 13-от и 16-от од моментната листа на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), ќе играат на големиот турнир (од 26 јуни) во Загреб (Хрватска).

Турнирот ќе се игра во 11 кола за награден фонд од 325.000 долари, јавија медиуми од Хрватска. На турнирот ќе игра и поранешниот светски првак, Индиецот Вишванатан Ананд, кому токму Карлсен му ја одзеде титулата во 2013 година. Во Загреб ќе настапат и двајца поразени финалисти за титулата светски првак од Карлсен, Русинот Сергеј Карјакин и Американецот Фабијано Каруана. 


Листа на учесници
ШАХИСТ       РЕЈТИНГ
Магнус Карлсен 2.861
Фабиано Каруана 2.816
Лирен Динг 2.805
Аниш Гири 2.787
Шахријар Мамеѓаров 2.781
Максим Леграв 2.780
Вишванатан Ананд 2.774
Јан Непомијашчи 2.773
Левон Арониjaн 2.762
Хикару Накамура 2.761
Весли Со 2.754
Сергеј Карјакин 2.752