Емил Ристески

Македонскиот шахист во категоријата до 16 години Емил Ристески (2.208 рејтинг-поени, рангиран на 47-то место пред почетокот) е најуспешниот од 17-те македонски претставници на Европското првенство (ЕП) за млади, кое се одржа во Братислава, Словачка. По 9-те одиграни кола, тој освои пет поени (две победи, еден пораз и шест ремија) и го освои 46-то место.

Во женска конкуренција најмногу поени, 3,5, впиша Михаела Зрмановска, која играше во категоријата до 14 години. Најмногу победи остварија Златков и Петровски (по 4), најмногу ремија Ристески (6) и Ефтовска (4), најмалку порази Ристески (1) и Ефтовска (4), додека најмалку победи, повторно Ристески (2) и Ефтовска (1). Најмногу рејтинг-поени освоија Георг Фармакоски (123,2) и Јована Давиткова (57,2). Момчињата освоија вкупно 39 поени од можни 90 (42,2 отсто), а девојчињата 19 од можни 63 (30,1 отсто), или вкупно во двете конкуренции 57 од можни 153 (или37,2 отсто).

На ЕП се одиграа вкупно 5.844 партии во шест возрасни категории (8, 10, 12, 14, 16 и 18 год.) во двете конкуренции, со 1.306 учесници од 48 држави (4 ВМ, 1 ЖВМ, 17 ИМ, 81 ФМ, 41 ЖФМ), од кои 796 беа шахисти, а 510 шахистки. Најтрофејни се Русите со 12 медали (три злата, шест сребра, три бронзи), втор е Азербејџан со пет, а трета Украина со четири. 


Пласман на Македонците
ГОД. ИМЕ ПОЕНИ МЕСТО +/- РЕЈТ. ШАХИСТИ
8 Никола Петровски 4,5 52 – 9 92
8 Наде Смилевска 2 60 – 62
10 Андреи Калин 3 127 + 50 149
10 Емилија Лушеска 2,5 82 – 85
12 Антон Златков 4 104 – 50 160
12 Георг Фармакоски 4 107 + 123 160
12 Јована Давиткова 3 82 + 57 96
14 Матеј Звездакоски 4 114 – 12 159
14 Леонид Петрески 3 133 + 70 159
14 Стојан Велкоски 3,5 119 + 109 159
14 Михаела Зрмановска 3,5 85 + 52,8 99
16 Емил Ристески 5 46 – 6 127
16 Кристијан Велковски 4 93 + 41 127
16 Леа Ефтовска 3 83 + 46 96
16 Јована Лазарова 2 95 + 29 96
18 Матео Ефтовски 3 98 + 8,8 109
18 Ивана Манова 3 61 – 33,2 72