Илија Младеновски

Покрај македонската репрезентација, најавено е дека лигата треба да се збогати со уште три нови клуба, а се чека потврда на уште една, со што таа би имала вкупно осум клуба

Декларација за основање на Регионалната лига (РЛ) во бокс, во која ќе настапат клубови од шест небалкански држави, е веќе потпишана во Белград. Потпис ставија овластените претставници: Баже Доневски (потпретседател на БФ на Македонија), Иван Матковиќ (Хрватска), Ненад Блажо Шарановиќ (Црна Гора), Боровчанин (Србија) и Миленко Томиć (БиХ).
Како што се наведува во лиферуваното соопштение, декларацијата е резултат на потребата за воспоставување одржливо натпреварување на највисоко ниво за овој регион. Дефинирани се и насоките на меѓусебната соработка, заедничкото дејствување, а сѐ во духот на промовирање на толеранцијата, културата и дијалогот, но и јакнење на боксот како спорт на овие простори. Покрај Лозница (Србија), Металац (Србија), Македонија (Македонија) и Радник (БиХ), во лигата се приклучуваат уште Подгорица (Црна Гора), Гладијатор (Хрватска) и Кро-тим (Хрватска), а се чека потврда на уште една екипа, со што РЛ би имала осум клуба.

– Сезонава македонски претставник ќе биде македонската боксерска репрезентацијата, со тоа што јас повторно ќе бидам претставник на екипата и најверојатно член во УО на РЛ. Така се договоривме на УО на БФМ и поради поголема ефикасност, полесна организација и учество во истата таа. Сметам дека ова е најдоброто решение, со оглед на капацитетот на боксерите со кои располагаме – вели Илија Младеновски, претседателот на БК Пинк Пантер од Штип, екипа што лани настапи во РЛ и го освои 5-то место од вкупно седум екипи.

Како што е познато, лани клубови на поранешни земји на СФРЈ, организираа Регионално клупско натпреварување, кое го пратеа и одредени пропусти. Имено, два клуба излегоа во текот на натпреварувањето, а недоволната застапеност во јавноста, пак, како и несогласувањата што се случија во текот на неговото натпреварување, им дадоа јасен сигнал на државите-учеснички дека РЛ е потребна и дека сојузите и федерациите мораат да бидат основачи и наедно гаранти за нејзиното правилно функционирање. Самиот натпреварувачки систем, пак, ќе биде пократок, позанимлив и поефикасен. Имено, наместо натпреварување секој против секого со многу кола, клубовите ќе бидат поделени во две групи, од кои најдобрите два од секоја група ќе одат во полуфиналето, додека финалето ќе се одржи кон крајот на годината. 


РЛ од голема корист за македонските боксери

Ланската РЛ се доигра, иако од неа се откажаа Спартак од Суботица и Славија од Бања Лука, додека српска Лозница е шампион. Далеку од тоа дека РЛ не беше успешна или слабо финансиски покриена. Напротив. И не случајно по тој проект се продолжува и годинава. Тоа што ја пратеше РЛ во првата година, според мене, пред сѐ беше резултат на интерес за престиж помеѓу нашите соседи, за тоа кој да биде главен, по чиј модел да се организира и слично. Ние, како Македонија, немаме проблем со тоа, нам ни е од корист да продолжи овој проект и боксерите низ овие дуели да градат искуство со висок квалитет, што е во голема мера потребно ако сакаме да одиме напред во боксот, истакна Младеновски.