Фудбалерите во англиската Премиер-лига веќе нема да го имаат традиционалното ракување пред стартот на мечевите како превентивна мерка за борба против ширењето на корона вирусот.

– Фер-плеј ракувањето меѓу фудбалерите и судиите нема да се одвива од овој викенд поради медицински совети. Коронавирусот може да се прошири преку обично ракување – се вели во објавата на Премиер-лигата.

Судиите ќе продолжат со нормалното традиционално излегување пред секој меч и двата тима ќе стојат како и обично, но овојпат само ќе поминат покрај своите ривали пред стартот на мечот без ракување.

Њукасл, Саутемптон, Вест хем и Вулверхемптон веќе забранија ракување на тренинзите на нивните клубови.