Македонската шаховска репрезентација (1.871 рејтинг-поени, рангирана 12-та пред турнирот), во седмото коло на 16. Шаховска олимпијада (ШО) за слепи и слабовидни играчи во Грција, одигра нерешено, 2-2, со Романија (1.892, рангирана 10-та), што е прво екипно реми на македонските шахисти.

Македонија на две кола до крајот остана на 13-то место со седум бода (12,5 поени по табли). Води Русија со 14 бода (22,5 по табли), втора е Полска со 12 (21), а на третото место изби Србија со 10 (18). Во претпоследното коло Македонија за противник ја има Германија, која на ШО е рангирана 7-ма (1.975).

На мечот со Романија Жарко Селковски (1.994) на првата табла загуби од Михаил Прибеану (2.167), Зоран Костадиновски (1.928) го надигра Георге Брагу (1.686), Блаже Атанасовски (1.794) го подели поенот со Александру Пироска (1.908), а истото го стори и Трајче Димов (1.766) со Киприан Стрете (1.807). Г.И.