Фото: Зоран Антоски

Дебитантот во Првата женска одбојкарска лига, екипата на Ускана, премиерниот првенствен натпревар пред своите гледачи го загуби од екипата на Бамикор со резултат 3:2.

Домашните одбојкарки громогласно бодрени од 500-те гледачи, добро го започнаа натпреварот и првиот сет го решија во своја корист со 25:22, во вториот сет и покрај водството по двата технички тајм аути и резултат 19:14, сепак на крајот го загубија сетот на разлика со 24:26. Во третиот сет домаќинките беа најубедливи и го добија овој сет со  25:17, за во четвртиот сет гостинките од Тетово да возвратат и сетот да го решат во своја корист со 19:25. Петиот сет беше крајно изедначен до резултат 14:14, кој на крајот заврши во полза на гостинките со 19:21 или со вкупен резултат 2:3 екипата на Бамикор го реши мечот во своја корист.

И во воведниот прволигашки натпревар, минатата сабота, екипата на Ускана загуби во Битола со идентични 2-3 по тај брејкот во петтиот сет. Помеѓу гледачите во салата беа и стотина млади девојчиња кои работат во погонот на Ускана.

З.А.