Лос Анџелес доџерс втора година едноподруго ќе игра во 114-то финале на американската бејзбол-лига (МЛБ), но сега во мечевите за титулата противник ќе им биде тимот на Бостон ред сокс. Лани Доџерс титулата ја загуби од Хјустон астрос по поразот со 3-4 во победи. Тимот од Лос Анџелес последната, за нив шеста титула, ја освои во 1988 година. Бостон, пак, беше шампион во 2013 година (оттогаш првпат ќе игра за титулата), кога осми пат стана првак. Двата клуба меѓу себе играа во финалето во 1916 година, кога победи Бостон со 4-1. Најмногу титули има Њујорк јенкис, 27, следуваат Сент Луис со 11, Оукленд со девет, Бостон ред сокс и Сан Франциско џајантс со по осум, ЛА доџерс (порано со седиште во Бруклин) со шест, Синсинати и Питсбург по пет итн.