Откако Вон, Хиршер и Свиндал се пензионираа по завршувањето на минатата сезона, сега сите погледи се свртени кон Шифрин, која лани постави рекорд од 17 победи во една сезона во СК и ја освои третата титула во низа

Со денешната трка во велеслалом за жени и утрешната во велеслалом за мажи, во австрискиот Зелден почнува 54-та сезона во Светскиот куп (СК) во алпско скијање. Најдобрите скијачи и скијачки на светот се подготвуваат за трките на глечерот Ретенбах, каде што, благодарение на надморската височина од 3.000 метри, има добри услови за скијање рано во сезоната.

Откако повеќе врвни натпреварувачи се пензионираа по завршувањето на минатата сезона (Американката Линдзи Вон, Австриецот Марсел Хиршер и Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал) сега во центарот на вниманието е Американката Микаела Шифрин (24), која лани постави рекорд од 17 победи во една сезона и ја освои третата титула во низа. Таа веќе оствари 60 победи и е петта на листата најуспешни, на која пред неа се Ингемар Стенмарк со 86 победи, Вон со 82, Хиршер со 67 и Анемари Мозер-Прел со 62 триумфа.

Во машка конкуренција помеѓу двете сезони во пензија замина доминантниот првак Хиршер (осум титули во низа од 2012 година), па празното место ќе се обидат да го пополнат многу конкурентни скијачи. Сезонава ќе има 44 трки во машка и 41 во женска конкуренција.


НАЈМНОГУ ТИТУЛИ

МАЖИ
Марсел Хиршер 8
Марк Џирардели 5
Густав Тени 4
Пирмин Цурбриген 4
Херман Маер 4
Фил Мер 3
Ингемар Стенмарк 3

ЖЕНИ
Анемари Мозер-Прел 6
Линдзи Вон 4
Микаела Шифрин 3
Петра Кронбергер 3
Френи Шнајдер 3
Јаница Костелиќ 3