Андријана Поп Арсова

Адри­ја­на Поп Ар­со­ва ос­тва­ри исто­ри­ски ре­зул­тат во ма­ра­тон. На тр­ка­та во Под­го­ри­ца, Цр­на Го­ра, таа дел­ни­ца­та од 42,195 ме­три ус­пеа ја истр­ча под три ча­са, 2:59,33, што е нов ре­корд на Ма­ке­до­ни­ја.

Пред две не­де­ли на ма­ра­то­нот во Ајнд­хо­вен, Хо­лан­ди­ја, таа за­бе­ле­жа вре­ме од три ча­са и 37 се­кун­ди. Тоа по­стиг­ну­ва­ње бе­ше по­до­бро за по­ве­ќе од че­ти­ри ми­ну­ти од неј­зи­ни­от по­ра­не­шен др­жа­вен ре­корд (3:05,04 ча­са), по­ста­вен на Скоп­ски­от ма­ра­тон на 6 мај го­ди­на­ва. Тоа бе­ше нај­а­ва де­ка во ско­ро вре­ме од неа мо­же да се оче­ку­ва тр­ка под три ча­са што се ос­тва­ри во Под­го­ри­ца.

Поп Ар­со­ва (28), ко­ја е член­ка на ат­лет­ски­от клуб (АК) Дел­та од Скоп­је, е акту­ел­на др­жав­на ре­кор­дер­ка и во по­лу­ма­ра­тон, 1:24,34 час, за­бе­ле­жан ла­ни во октом­ври во Под­го­ри­ца, Цр­на Го­ра, ка­ко и на 10.000 ме­три на сер­ти­фи­ци­ра­на улич­на тр­ка, во Скоп­је, 38,28 ми­ну­ти.